Дома За нас Центри Галерија За пациенти Контакт Мacedonian
Albanian
English

 ЗА НАС

 Тргнувајќи од тоа дека постојаниот развој е филозофија на услугите кои ги нудиме, нашата визија е превземање на сите потребни мерки за заштита на нашите пациенти, вработените и животната средина, создавње на свест за квалитетни здравствени услуги во општеството, создавање на високо ценет препознатлив бренд кој ќе служи како референца во секторот на хемодијализното лекување.

Наша визија и филозофија е дека доброто што гo чиниме за нашите болни и вработени е ширењето на позитивната атмосфера кај болните на хемодијализа а, преку тоа и во нивните и нашите семејства.

 Наши шест основни компоненти на нашата визија и филозофија се:

1.       Градење на врвни центри за грижа на болните на хемодијализа.

2.       Да бидеме модел и пример за останатите специјализирани центри за хемодијализа.

3.       Работење во тесна спрега со локалната заедница.

4.       Развивање на нови идеи за иден развој. 

5.       Вршење на континуирана едукација на нашите вработени со цел поквалитетни услуги.

6.       Создавање на услови за научна и истражувачка работа на персоналот.

Нашата мисија е да обезбедиме специјализиран кадар со врвни професионални вредности, огромно искуство во полето на хемодијализата, користење на најсовремената технологија во хемодијализниот третман, квалитет во постојан подем, секогаш насмеани лица, услуги кој целосно ги задоволуваат сите барања на пациентот и вработените, грижа и заштита на животната средина.

Во вршењето на должноста кон пациентите не постојат предрасуди во однос на верата, националноста, расата, политичката и класната припадност При тоа задржувајќи целосна посветеност на квалитетот,  учество на пациенти и одговорната општествена улога

Со искуство и лидерски основана, етички ангажирана и тимски фокусирана за испорачување на врвни здравствени услуги согласно светските стандарди и медицински протоколи за грижата за здравјето на болните на хемодијализа, Диамед-Македонија.