Дома За нас Центри Галерија За пациенти Контакт Мacedonian
Albanian
English




ДИАМЕД МАКЕДОНИЈА

      ЦЕНТАР ЗА ДИЈАЛИЗА
 

 

  Диамед-Македонија е мрежа на центри за хемодијализа која обезбедува грижа за болни кои се на хемодијализен хроничен програм. Вложуваме напори да го подобриме квалитетот на живот на болните со современа медицинска и лекарска грижа и терапија, индивидуалнo водење и следење за секој болен.

  Во склоп на Диамед-Македонија има 9 центри за хемодијализа од кои два се во Скопје а, другите седум се наоѓаат во седум различни градови во Источна Македонија. Диамед-Македонија започна со работа на 15 февруари 2014 година. Мрежата на центри е создадена од веќе посточките центри за хемодијализа од јавното здравство за кои е добиена концесија во траење од 20 години.

  Диамед-Македонија има окулу 243 вработени од кои 26 се лекари. Сите заедно обезбедуваме врвна грижа за болните и ги докажуваме темелните вредности на мрежата и тимот вработени. Беспрекорна услуга и опслужување на другите се нашата причина зошто постоиме. Ние работиме заедно, делиме заеднички цели. Не се задоволуваме со постигнатото и потојано тежнееме кон подобрување и развој.